Што е Зелена Берза?

Добродојдовте на страниците на порталот Зелена Берза

Пратејќи ги светските трендови, дизајниравме портал на кој Ви обезбедуваме предуслови за промовирање и продажба на индивидуалното производство на земјоделски производи, како и полесен пристап до понудата на сите заинтересирани посредници или крајни потрошувачи – откупни центри, ресторани, маркети, пазари…

Исто така наша цел е да се спојат потрошувачите и продавачите на земјоделски производи во Р.Македонија, но и со соседните земји Србија, Грција, Бугарија, Хрватска, Албанија, Италија…

Огласувањето е бесплатно во основниот огласен простор, а поставувањето на коментари ви дава можност од развој на дискусии, подобро запознавање, промовирање и подобрување на производството!