Се подготвуваат нови основи за начинот на стопанисување со рибите во реките и езерата. Во тек е јавна расправа за прецизирање и дополнување на поединостите пред нивното донесување.

ribarski-mrezi

Концесиите на рибите за стопански и за најголемиот дел за рекреативен риболов се веќе доделени.

Важат за период од шест години, независно дали риболовната вода е природно езеро, рекреативна зона, најчесто акумулации или река.

Износот на најмалиот концесиски надоместок е утврден во риболовните основи.

За вршење на стопански риболов тој е однапред утврден во зависност за кое риболовно подрачје се работи, а за рекреативен е најмалку 10 проценти од вредноста на продадените риболовни дозволи.