fbpx
Вести

Николовски вети соодветни мерки за помош на производителите на пченица и јачмен

pcenica

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заменик-министерот Власте Димковиќ и претставните од Секторската група за пченица при МЗШВ, денеска се сретнаа со производители на пченица и на јачмен. На средбата се разгледаа сите опции и можности, како да се ублажат штетите од годинешната лоша жетва. Земјоделците понудија неколку мерки кои според нив ќе им помогнат во покривање на штетите.

Министерот Николовски порача дека детално ќе се разгледаат сите барања на земјоделците и во најскоро време ќе се донесат соодветни мерки кои ќе дадат најдобар ефект и ќе им бидат од помош на производителите на пченица и јачмен, но и мерки кои ќе можат најбрзо да се реализираат. Преземените мерки ќе зависат од состојбата на терен.

Според податоците засеани се 76.400 хектари пченица, од кои се очекува  производство од 170.000 до 190.000 тони. Во земјава има 63 регистрирани откупувачи.

Според информациите од терен,  состојбата со приносите од пченица во секој регион е различна. Жетвата е при крај  и според првичните информации, најниски приноси има во североисточниот регион од 1.000 до 1.500 килограм од хектар. Министерството за земјоделство е во постојан контакт и со откупувачите на пченица со цел да се најде усогласување на разликите во откупната цена што ја бараат земјоделците и таа што ја нудат откупувачите.

Министерот Николовски порача дека Владата на Република Македонија воведува сериозна практика за грижа на земјоделците која ќе биде континуирана во делот на мерките за помош и во однос на субвенциите,  секогаш кога тоа ќе биде потребно. Мерките што за оваа намена ќе бидат предвидени, секогаш итно ќе се имплементираат за да не се предизвикуваат дополнителни последици за земјоделците.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close