fbpx
Вести

Маркетите им го земаат бизнисот на зелените пазари

market pazar

Анкетата на земјоделскиот пазарен информатор кој секојдневно ги следи цените и работата на пазарите, покажува дека младите повеќе купуваат во маркетите. Причината е во работното време на потрошувачите кои иако некогаш може да платат и поскапо, избираат пазарувањето да го направат и подоцна во текот на денот, да купуваат се на едно место и во најблиската продавница.

Продавачите на зелените пазари се жалат дека секоја година прометот им се намалува. Ова се должи на сѐ поголемата понуда на овошје и зеленчук во трговски  маркети кои полека го преземаат бизнисот на продажбата на земјоделските производи.

Помладите потрошувачи најчесто купуваат во маркетите, додека постарите и натаму  повеќе сакаат да одат на пазарите.

Причина за намалениот промет на тезгите, според пазарџиите е што вработените понекогаш немаат доволно време да одат подалеку, маркетите работат подолго и се може да купи на едно место, а не само овошје и зеленчук.

Во анкетата 20 проценти од потрошувачите се изјасниле дека подеднакво се снабдуваат со земјоделски производи и од маркетите и на пазарите. -40 проценти дека купуваат само во маркетите и 40 дека повеќе ги сакаат пазарите бидејќи зеленчукот и овошјето се поевтини и по квалитетни.


 

мртв

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close