manifestacija krivopalanechka eko hrana

 

Традиционални кривопаланечки специјалитети, еко-храна, органски производи од поднебјето на кривопаланечкиот крај и осоговието, ќе бидат презентирани на манифестацијата „Кривопаланечка еко храна“, што ќе се одржи во сабота (19 ноември)  во Крива Паланка.

 

9ade314abb944e6195af1ac3a5962f64

На изложбени штандови што ќе бидат поставени на плоштадот своите кулинарски вештини за подготовка на разни еко-специјалитети и рецепти кои од колено на колено се пренесуваат во традиционалната кујна од овој регион ќе ги покажат угостители,  домаќинки, пензионерки и гости од регионот.
Манифестацијата има натпреварувачки карактер, а жири – комисија  ќе ги оценува подготовките во три категории: најдобар вкус, декорација и автентичност. Предвидени се парични награди за трите најуспешни во сите категории, а дополнително, по претходно распишан конкурс за ликовни творби, ќе бидат наградени и трите најдобри цртежи од изложените на градскито плоштад.

Програмата предвидува учество на дечињата од градинката „Детелинка“, кои ќе имаат подготват изработки од компир, а учениците од угостителската паралелка од средното училиште Ѓорче Петров, исто така, ќе приготват специјалитети. Културно –уметничката програма ќе ја збогати настапот на Нино Величковски и на фолклорните друштва „8 Октомври“, „Карпош“ и „Фолклористи“.

Автентичноста на настанот ќе ја надополни декоративниот штанд со етно-мотиви на национала установа Центар за култура Крива Паланка, а предвидено е и дефиле со презентација на стари носии од Кривопаланечко.

На посебен хуманитарен штанд ќе бидат презентирани дел од специјалитетите кои ќе може да се купат, без одредена цена, како донаторски прилог за лица од семејства во социјален ризик кои ќе ги добијат собраните средства во координација со општинската организација на  Црвен крст, Крива Паланка.