koi ovoshki najlesno prezhivuvaat minusni temperaturi

Јаболкото кое е најраспространета овошка може да издржи до -30 степени, а крушата и вишната до -25 степени.

Најчувствителни се праската и кајсијата. Од друга страна житариците се осетливи на многу ниски температури и освен оштетување, студот може да доведе и до нивно угинување.

Под снег од 10 цм житариците можат да издржат и -30 степени.

Овошките се осетливи од период на вегетација до период на мирување.

До нивно измрзнување може да дојде и во пролет кога од мирување преминуваат кон вегетација.