lozje

Винарските визби главно се придржуваат до законските рокови за исплата на ратите за откупеното винско грозје. До 15-ти февруари треба да ја исплтатат и втората рата од 40 проценти што ја должат на лозарите за ланскиот род.

До утре винските визби треба да им ја платат на лозарите и втората рата од 40 проценти за купеното грозје.

Според законот исплатата е во рокод 6 месеци и на 3 рати од преземањето на откупениот род.

Првата рата од 20 проценти требадаше се плати до 15-ти декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари и последниот износ до крајот на април.

Досега од вкупниот долг за купеното винско грозје од реколта 2016-та, се исплатени безмалку половината или 46 проценти.

Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје.

Дел се извезува во странство, а поголемиот дел останува и се преработува во домашните вински визби.


 

мрт