lozje

Винарските визби се придржуваа до законските рокови за исплата на ратите за откупеното грозје. Освен „Повардарие“, до 30-ти април ја исплтатија и последната, трета рата од 40 проценти што ја должеа на лозарите за ланскиот род.

Винските визби со исклучок на „Повардарие“ го запазија рокот и навреме ја исплатија и последната, трета рата на лозарите, односно преостанатите 40 проценти за купеното грозје од ланската реколта.

Според законот, исплатата е во рок од 6 месеци и на 3 рати од преземањето на откупениот род.

Првата рата од 20 проценти се плаќа до 15-ти декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари и последниот износ до крајот на април следната година.

Винарската визба „Повардарие“ поради неисплатената втора рата ја загуби лиценцата за откуп на грозје и е избришана од регисарот на производители на вино.

Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје.

Дел се извезува во странство, а поголемиот дел останува и се преработува во домашните вински визби.


 

мртв