fbpx
Вести

ЕК: Трговските договори го стимулираат земјоделството

zemjodelstvo

Трговските договори на ЕУ го зголемија извозот на земјоделски производи и вработувањето во областа на производство на храна, како и во други области на економијата, покажуваат резултатите од новото независно истражување, наложено од Европската комисија. Истражувањето го опфатило трговските договори на ЕУ со Мексико, Јужна Кореја и Швајцарија.

Истражувањето покажува дека договорите придонеле за зголемување на билатералната трговија, истакнувајќи пораст на извозот на ЕУ и зголемување на увозот на производи од овие 3 држави.

Заклучок од истражувањето е дека зголемениот увоз покажува слабо влијание врз домашното производство во ЕУ. Влијанието се изразува претежно во замена на увозот од други надворешни држави на ЕУ или во зголемување на потрошувачката во Заедницата.

Истражувањето покажува дека поради договорот меѓу ЕУ и Мексико извозот на земјоделска храна од Европа пораснал во 2013 година со 105 милиони евра. Тоа се забележува 3 години, откако двете страни ги отстранија сите пречки за трговијата, како што беше утврдено во договорот. Дополнителен увоз за 316 милиони евра во истата година е забележан кај суровините.

Иако сеуште не се применува целосно, трговскиот договор меѓу ЕУ и Јужна Кореја придонесе за дополнителен извоз за 439 милиони евра земјоделска храна од ЕУ во 2015 година.

Трговските договори меѓу ЕУ и Швајцарија за земјоделските производи придонеле вкупно за зголемување на извозот со 532 милиони евра во 2010 година – 3 години, откако договорите почнаа да се применуваат во целост.

Извозот на земјоделска храна од ЕУ достигна рекордни вредности во 2016 година.

Трите трговски договори придонесоа за пријавување на рекордна година за извоз на земјоделска храна од ЕУ во 2016 година, а вкупната вредност на извозот достигна 130.7 милијарди евра – со 1.7 милијарди евра повеќе во однос на 2015 година.

Најмногу се зголемил годишниот извоз за САД (1,26 милијарди. евра) и Кина (со 1.06 милијарди евра). Увозот во ревалоризиран израз на земјоделска храна во ЕУ е намален за 1,5 отсто до 112 милијарди евра.

Уделот на земјоделската храна од вкупниот извоз на стоки од ЕУ во 2016 година бил 7,5 проценти, а процентот од вкупниот увоз на стоки – 6.6%.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close