Најдоцна до крајот на месецот ќе бидат обештетени сточарите кои претрпеа штети од болеста јазлеста кожа. Надлежните информираат дека средствата се обезбедени. По брза постапка се изготвуваат решенијата со записници  на фармерите на кои им биле одземени и убиени животните.

do krajot na mesecot kje im se isplati na stocharite za zabolenite zhivotni od jazlesta kozha

 

Како што информираше Костадиновски 250 000 вакцини кои беа обезбедени изминатиов период се аплицираат на здравите животни, за разлика од првата тура од 50 000 вакцини со кои се вакцинираа само животните кои биле во контакт со заболените.

Според последните бројки од АХВ досега се вакцинирани околу 132 000 грла добиток. Вакцинацијата е целосно завршена во југоисточниот регион каде што се појавија првите жаришта.