fbpx
Вести

Во кривопаланечко 110 барања за штети од априлското невреме

nevreme

Вкупно 110 барања за надомест на штета од невремето во април годинава поднеле земјоделците од Крива Паланка и Ранковце.
Сите 110 барања се со пријавена стопроцентна штета на поседите.
– Станува збор за извршена проценка на штета на ореви, цреши, вишни, сливи и јаболки на земјоделски имоти на територијата на двете општини, информира Славче Станковски од општинската Комисија за утврдување штети од пролегното невреме.
Утврдени се пријавените штети на земјоделски земјишта и овоштарници,  додека барањата не се однесувале за процена на штети на млад насад.
Комисијата која извршила проценка на штетите се состои од пет члена: претставници од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумараство и водостопанство Крива Паланка, подрачната канцеларија на Агенција за поттикнување и развој на земјоделството, како и од Државниот земјоделски инспекторат.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close