fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделското производство во слободен пад

Алармантни бројки при откупот на земјоделски производи во првото тромесечје од 2023 година

Официјалните податоци од Државниот завод за статистика покажуваат алармантни бројки при откупот на земјоделски производи во првото тромесечје од 2023 година. Со овие бројки само се остваруваат мрачните прогнози од минатата година, бидејќи долго време се соочуваме со индикатори кои укажуваат дека земјоделското производство на храна во државата постепено ќе згаснува!

Имено, во првото тримесечје од 2023 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесува 3.136.295.000 денари (51 милион евра) и во однос на истиот период од претходната година намалени се за 35,3 отсто.

Значително намалување е забележано кај откупот од индивидуалните земјоделски производители.

-При што се потврдува нашата теза дека актуелната влада на СДСМ и ДУИ спроведува агенда на дезинтеграција на македонскиот земјоделец кој живее од сопствениот труд, а на сметка на увозот од странски земји и големите корпорации. Како партија на земјоделците и работниот народ, за Левица јасни се заложбите и позициите кои се неопходни за во овој момент да се заштитат индивидуалните производители од сите штетни политики на актуелната владејачка гарнитура и нивната олигархија која профитира од ништењето на македонскиот земјоделец – истакнуваат од партијата Левица.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close