fbpx
ВестиМакедонија

Заштита на житните култури (пченица, јачмен, рж, тритикале) од болести

За да добиеме квалитетно производство на житните култури треба добро да се познава технологијата на производство која подразбира висока агротехника (припрема на почва, користење на здрав семенски матријал кој е добро заштитен со квалитетни фунгициди, сеидба која ќе овозможи добар склоп, заштита на растенијата од плевели, болести и штетници).

Триестина години назад, се веруваше дека на житните култури не им треба заштита но во пракса посебно последните години не е баш така. Времето се менува а со него и навиките. За да добиеме квалитетно производство на житните култури треба добро да се познава технологијата на производство која подразбира висока агротехника (припрема на почва, користење на здрав семенски матријал кој е добро заштитен со квалитетни фунгициди, сеидба која ќе овозможи добар склоп, заштита на растенијата од плевели, болести и штетници).

Зошто треба да ги заштитиме житните култури ?

Климата, времето, одгледувањето во монокултура е причината зошто треба да ги заштитиме житариците од болести. Праксата од поразвиените земји покажува дека житните култури треба да се штитат од болести најмалку два пати во текот на вегетацијата и тоа:

Прва заштита на житните култури: Се изведува рано на пролет

На почеток на пролет обично житариците се наѓубрени со азот, често и повеќе него што е потребно. Тој период се поклопува со повисоки температури и влага во земјата, што доведува до брз пораст во висина. Во тој период во долните спратови на житата се јавува атмосвера која е заситена со влага која во комбинација со повисоката температура дава идеални услови за развој на болести, плевели и штетници.

Во наши услови се јавуваат три групи на болести кои во првиот дел од вегетацијата се најопасни. Сите три болести се јавуваат речиси истовремено и ако се задржи времето влажно, како што е оваа година можат да предизвикаат големи штети.

Пепелницата (Erysiphe graminis) се јавува секоја година обично на ниските спратови, и ако го зафати листот заставичар и после неко класот, може да предизвика огромни штети, па затоа треба да биде контролирана

Рѓа се јавува кога имаме влажно време. Жолтата рѓа (Puccinia striiformis) е опасна е бидејки прави рани во вид на пеги со рѓава боја на листот преку кој растението губи вода. Треба да се спомне дека посебни штети прави црната рѓа (Puccinia  recondita) бидејќи го напаѓа и листот и стеблото.

Пегавост на листот и стеблото (Septoria tritici) е болест која го лимитира приносот и прави големи штети

Втора заштита на житни култури: Половина на месец Мај

Против болест која е позната како фузариум на класот (Fusarium spp.).Тоа е габично оболување кое може да го намали приносот и за 20%. Болеста се јавува и го почнува својот развој во период на цветање на житариците. Болеста са развива на млечните зрна на житариците а покасно мицелиумот се шири на останатите зрна од класот а во најлош случај може да го зарази и целиот клас. Заразаните зрна се штури и имаат розе навлака. Болеста се јавува секоја година а поинтензивна е во дождливи години.

Оваа година, Priaxor® ќе биде нашиот „адут“ за заштита на пченицата во првиот третман. Тоа е нов фунгицид, со две активни супстанции со исклучителна ефикасност на болести. Едната активна материја е нова активна материја 75 g/l Xemium® а другата е 150 g/l Piraklostrobin која дава AgSelence (буен ефект на растенијата)

Xemium® со своето дејствување од ефикасноста значително ги надминува сите досега познати активни супстанции од групата SDHI и има неверојатно силен физиолошки ефект.

Дозата на користење е 0,8 – 1 l/ha

Вториот наш предлог за заштита на житните култури е ЕMINENT 125 ME со активна материја (tetraconazole 125 g/l)

Особено ефикасен за сузбивање на болести кои ги напаѓаат листовите и класовите како што е пепелница (Erisiphe graminis), рѓа (кафеава, жолта, црна – Pucinia spp.), дамкавост на листот и класот (Septoria spp,), исто така е ефикасен за сузбивање на причинител на сива дамкавост (Rchynchosporium secalis)

Доза на примена 0,9 – 1 l/ha

Со превентивни третмани треба да се започне пред појава на првите симптоми на болеста или при појава на првите услови за развој на болеста.Фунгицидот може да се меша со хебициди и инсектициди кој се користат во заштита на житарици.

Хемомак Пестициди

Дипл. зем. Инж.  Панде Петровски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close