fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Бачовски: Помошта од ЕУ преку ИПАРД2 програмата е целосно искористена во земјоделството

Најголем дел од апликации се однесуваат за модернизација на земјоделската механизација, системи за наводнување, подигнување нови насади, опрема за фарми, опрема за пчеларство, па дури и за развој на рурален туризам. Буквално во секое село низ државата имаме корисници и тоа придонесува за заживување на руралните средини вели Бачовски.

Голем дел од ИПАРД програмата, односно помошта од ЕУ оди во земјоделството. Ако порано и не беше толку голема искористеноста на помошта, сега Македонија е на врвот на земјите од Балканот по искористеност на фондовите. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски вели дека при крај се со имплементацијата на ИПАРД2 а веќе се подготвуваат за ИПАРД 3.

„Целокупниот буџет кој што ни беше на располагање даден од страна на Европската унија односно 60 милиони евра е целосно искористен односно склучени се повеќе од 2.360 договори. Што значи дека добро оди работата со ИПАРД2 средствата се целосно искористени. Токму затоа во следниот период во ИПАРД3 ќе имаме уште поголем буџет, односно од 60 милиони европски средства одиме на 97 милиони евра.“, рече Бачовски.

Најголем дел од апликации се однесуваат за модернизација на земјоделската механизација, системи за наводнување, подигнување нови насади, опрема за фарми, опрема за пчеларство, па дури и за развој на рурален туризам. Буквално во секое село низ државата имаме корисници и тоа придонесува за заживување на руралните средини вели Бачовски.

„Пред се се помага во обновата на земјоделската механизација која што беше прилично застарена, секако она што нас најмногу не радува како постигнати резултати се новите преработувачки капацитети или модернизирање на веќе постоечките. Имаме многу модернизирани винарии, нови винарии, модернизирани млекари, нови млекари и така натаму секако важен аспект на програмата е и поддршката што се дава за бизнисите во руралните средини односно посебно мерката за рурален туризам каде што во оние места кои што важат за туристички дестинации од рурален аспект.“, изјави Бачовски.

https://mk.tv21.tv/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close