fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

Италија донира униформи за шумската полиција на Македонија

Во мое лично име, во името на МЗШВ и Шумската полиција, упатувам голема благодарност до Карабиниери на Република Италија и амбасадорот Силвестри, напиша Хоџа

На наше задоволство, денеска во присуство на Амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри и г-дин. Џузепе Молталто, Аташе за одбрана, потпишавме технички договорот со кој ќе се зајакне соработката меѓу двете држави, објави министерот за земјоделие Арјанит Хоџа.
На барање на Секторот Шумска полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, упатено до Карабиниери на Република Италија, за донација на униформи за шумската полиција, добивме позитивен одговор од нивна страна.
Карабиниери на Република Италија, на Шумската полиција на Република Северна Македонија, како земја вклучена во списокот на земји во развој, приматели на официјална помош за развој и 30-та членка на НАТО, по пат на технички договор, ќе и донира униформи (машки, женски, зимски и летни), како и дополнителна опрема.
-Во мое лично име, во името на МЗШВ и Шумската полиција, упатувам голема благодарност до Карабиниери на Република Италија и амбасадорот Силвестри. Нашата соработка ќе биде зголемена на повеќе нивоа.
Шумската полиција и Карабиниери на Република Италија, ќе ја продолжат и ќе ја зајакнат соработката преку обуки и трансфер на искуства, знаења и вештини, објави Хоџа
.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close