fbpx
Вести

Првиот производ од канабис од NYSK Holdings на македонскиот пазар од Август

kanabis

NYSK Holdings, компанија која на македонскиот и европскиот пазар ќе понуди широка палета на производи од канабис, следната недела ќе почне со производство, а првиот финален производ на нашиот пазар ќе биде пласиран во август, велат за еМагазин од менаџментот на компанијата.

„Нашата компанија ќе произведува масло од канабис со присуство на THC од 89-90% и 99% чистота, но за третирање на ралични болести тој процент ќе варира според потребата. Бидејќи нашата компанија ќе пласира производи и на македонскиот и на европскиот пазар, палетата на производи ќе биде адаптирана според листата во Македонија и Европската Унија.

Во Македонија на листата за болести кои ги третира канабисот се само четири, па нашите производи ќе бидат адаптирани на нив. Листата на болести за која се препишуваат екстракти од канабис во ЕУ е поголема, со тоа и палтета производи за ЕУ ќе биде поголема. Нашата

До моментот на пласирање на финалниот производ на пазарот, компанијата прави напори да донесе готов производ од компаниите на нивните инвеститори во САД за да се покрие потребата на македонските граѓани во тој вакум

Што се ќе произведува NYSK Holdings, можете да погледнете

Производите ќе се прават од целосно домашно одгледуван канабис, а ќе имаат производи кои ќе можат да се купат и со рецепт и без.

Цените на производите моментално не се дефинирани.

„Иако цена во моментов не е точно дефинирана, нашата цел е цените на производите ќе бидат прилагодени на платежната моќ на граѓаните во Македонија“, велат од компанијата.

NYSK Holdings неодамна отвори капацитет за производство во кругот на поранешната фабрика ОХИС.

Вкупната инвестиција во од пет години ќе биде меѓу три до пет милиони долари. Компанијата веќе инвестирала половина милион евра во реновирање на овој браунфилд објектот од 2.000 метри квадратни.


 

еМагазин

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close