fbpx
ВестиВино

Сковин ги исплати обврските кон лозарите пред истекот на законскиот рок

Заклучно со 28 април годинава, винарската визба Сковин АД Скопје ги подмири сите обврски кон своите добавувачи на грозје, индивидуални лозари и компаниите, исто како и минатата година, пред истекот на законскиот рок.

115465479_1-52932

– Сковин како општествено одговорна компанија останува доследен на својата деловна политика за регулирање на предвремените обврски и почитување на временските рокови кон сите свои деловни соработници и кооперанти. Деловната политика на Сковин е да ги почитува роковите за да им овозможи на кооперантите да вложуваат во зголемување на производството и неговиот квалитет. Ова неминовно говори дека квалитетот на нашиот производ директно зависи од квалитетот на нивниот, затоа одржувањето на добрите односи со лозарите се наш приоритет, изјави извршниот директор на Сковин АД Скопје Тодор Сејзову.

И оваа година, како и претходните, Сковин ги испочитува препораките на Владата во врска со цените на исплата на грозјето, како и роковите за исплата на лозарите, па предвремено го исплати откупеното грoзје.

Визбата информира дека во наредниов период интензивно се работи на подготовка на редизајн на етикетите на сите колекции вина на Сковин. – Со ова се докажува дека Сковин го следи новиот тренд и континуирано работи на постојаниот процес на подобрување на квалитетот на своите производи преку вложување во нови технологии, дабови буриња за винскиот подрум, процес на технологија и опрема за полнење. Целта е да стане голем македонски производител на квалитетни вина достапни за сите категории купувачи на домашните и на странските пазари, информираат од Сковин.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close