Се кројат лозјата во Тиквешко

grozje

Се кројат лозјата во Тиквешко, голем дел од лозарите мораат да брзаат со оваа операција и не можат да го чекаат верскиот празник „Свети Трифун“ на 14 февруари кога симболично стартува закројувањето, оти имаат големи лозови плантажи и ако го чекаат празникот, нема да стигнат да завршат со резидбата. За ова денеска информираше за МИА Љупчо Аризанов, претседател на Регионалниот Сојуз на лозари “Агротиквешија” од Кавадарци.

​- Лозаропроизводителите кои имаат поголеми парцели со винови лози мораат да побрзаат со кроењето и поради една друга причина која станува се поактуелна во регионот. Имено, голем број од аргатите кои во минатото можеа да бидат ангажирани околу резидбата и изнесувањето на искроените лозови прачки од лозјата сега се вработија во германската фабрика во Кавадарци и тешко може да се дојде и до слободна аргатска рака. Се менуваат работите на пазарот на трудот во Тиквешко па сега или не можете да најдете добар аргат, или се соочувате со зголемени цени за услугите за аргатска работа, нагласи Аризанов.


 

a1on