fbpx
Вести

Отворена манифестацијата „Денови на македонскиот мед 2017“

Mанифестацијата „Денови на македонскиот мед 2017“ е отворена денеска на улица Македонија, каде што следните неколку денови ќе бидат презентирани различни видови на медови, произведени од одгледувачите на пчели од сите краеви на Република Македонија.

Според официјалните податоци од надлежните институции, во Република Македонија има повеќе од 6.500 одгледувачи на пчели и околу 234 илјади пчелни семејства.

„Неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, нанесоа сериозни штети и во пчеларството“, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, при тоа додавајќи дека работат на надминување на проблемите со кои се соочуваат пчеларите.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close