fbpx
Двор и градина

Направете сопствена малечка градина

gradina

За да направите своја градина со минијатурни димензии, не е потребно премногу – малку труд и волја и ќе може да направите и сопствена.
Најпрво потребно е да имате саксија или друг сад кој е отпорен на дожд и сонце, доколку вашата минијатурна градина е изложена надвор. Во спротивно, може и некој декоративен сад по избор.Избирајте растенија кои се мали и не растат многу.
Некои растенија растат и 15 cm годишно, а други не преоѓаат ни 2 cm. Се препорачува да се користат сукуленти, кактуси, џуџести цвеќиња, јапонското дрво на парите, мов. Доколку имате други растенија кои повеќе ќе нараснат, на крај на сезоната само подрежете ги на саканата височина.Побарајте камчиња во различни бои и облици кои ќе ги употребите за декорација. Од дрвени стапчиња и жица може да направите столчиња или клупа, а добредојдени се и порцелански фигурички.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close