fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Нови 30 милиони евра со стотици корисници за инвестиции во трактори, земјоделска механизација, системи за наводнување, нови насади, фарми…

ИПАРД III се објавени 2 јавни повика од кои едниот наменет за модернизација на земјоделските стопанства и за диверзификација на фарми и развој на бизниси е затворен.

Денеска во Скопје се оддржува третиот состанок на комитетот за следење на ИПАРД програмата 2021 – 2027, објави Никица Бачовски директор на Платежната агенција .
На состанокот присутни се претставниците од Генералниот директорат за земјоделство при Европската комисија, како и претставници на македонската ИПАРД структура, претставници од стопанските комори и здруженија од областа на
земјоделството и руралниот развој.
Од почетокот на имплементацијата на ИПАРД III се објавени 2 јавни повика од кои едниот наменет за модернизација на земјоделските стопанства и за диверзификација на фарми и развој на бизниси е затворен.
На маргините на комитетот за следење ќе се доделат првите договори за Мерка 1 и Мерка 7.
Преку овие две мерки се очекува да се потпишат договори со вредност од над 30 милиони евра со стотици корисници за инвестиции во трактори, земјоделска механизација, системи за наводнување, нови насади, фарми, старечки домови, хотели и ресторани и други типови инвестиции кои се оценети како прифатливи.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close