Македонските вина и млечни производи наскоро на рускиот пазар

vino

А за поголем извоз, посебно на рускиот пазар, денеска во Москва разговараа министерот за земјоделие Николовски со неговиот руски колега Александар Ткачов. Извозот бележи континуиран пораст изминативе години , а најмногу се извезуваат праски, домати, зелка, сливи и цигари.

Благодарение на промотивните настани, се очекува да се збогати асортиманот на македонски  производи со нови, како македонските вина и млечни производи , кои наскоро треба да се најдат на руските трпези.. Лани во оваа земја се извезле производи вредни 30,2 милиони евра.

Русија пак е заинтересирана за извоз на житарици во Македонија, најмногу за извоз на пченица.

Со македонскаат делегација, меѓу кои и престедателот на македонско руската комора Бешлиев со руските претставници се разговарало и за експертска помош од страна на Русија за македонската фитосанитарна инспекција.

На саемот за широка потрошувачка,  кој се одржуува во Москва, присутни се  6 македонски компании.


 

сител.ком.мк