fbpx
Рурален туризам

Кокино

На 35 километри од Куманово, на надморска височина од 1013 метри, сместена на неовулкански рид веднаш под врвот Татиќев Камен, се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино.

8-50Small

Откривањето на локалитетот „Та­ти­ќев Камен” во 2001 год. ни пружи из­вон­редна можност да погледнеме во еден од потемните делови на праисто­ри­јата, како од хронолошки, така и од гео­графски аспект.
Во овој, североисточен дел на Р. Ма­кедонија, во кој многу малку од ре­гистрираните археолошки локалитети беа истражувани, локалитетот кај селото Кокино не восхити како из­вон­ре­ден извор од информации за животот и духовните достигнувања на брон­зе­нодопските жители од овој регион. Не­говото значење кое се должи на двојната употреба – како планинско све­тилиште и како мегалитска опсерваторија – е единствено на еден по­ши­рок простор и сведочи за постоење на една добро организирана заедница со ак­тивен духовен живот чии траги допираат до денешнината.

bycenev.com_-680x365

Фактот дека ло­ка­литетот бил во употреба и како пра­ис­ториска (мегалитска) опсерваторија фрли ново светло на праисториските жи­тели и нивното умеење да го по­доб­рат својот живот со организирани и сис­тематски астрономски набљудувања.

Добрата сочуваност на локалитетот до денешни дни, не обврзува, со го­­лема одговорност, за негова заштита во интерес на генерациите што доаѓаат.

Локалитетот е сместен на еден висок нео­вулкански рид (1013 метри надморска височина) кој доминира над својата по­широка околина.

kokino

Ридот всушност е вулкански нек (оцврс­ната лава во изливниот канал на вул­канот), а карпите по својот геолошки сос­тав се ан­ден­зитни. Како резултат на стол­бестото ла­че­ње на лавата, тие ис­пу­кале хоризонтално и вертикално, создавајќи приближно коцкасти блокови на кои лесно може да се интервенира. Оваа осо­бина ја искористиле праисториските жи­тели за да создадат структури во функ­ција на планинско све­ти­лиште и оп­сер­ваторија.

kokino-makedonija

Археолошките истражувања започнаа во 2001 год. кога, уште со првите откопи, беше еви­дентно дека се работи за локалитет ис­клу­чително богат со археолошки материјал. Ис­тражувањата продолжија и во наредните го­дини, при што се истражени околу 300 м2 на три сектора: на највисокиот дел на ло­ка­литетот и на делови од северната и јужната падина.

kokino-2

Иако културните слоеви се релативно тенки во сите сектори (тие ретко преминуваат дебелина од 1 м.), количината на археолошкиот материјал во нив е изобилна (Сл. 2). Хронолошки, материјалот му припаѓа на бронзеното време (приближно II милениум п.н.е.), при што најстариот материјал е од неговата рана фаза (XIX – XVII век п.н.е.), а најброен е оној од доцното бронзено време.

kokino3

Ископувањата во мај 2005 год., открија дел од стамбен објект на јужната падина на локалитетот кој според археолошкиот матери­јал му припаѓа на времето околу VII век п.н.е., т.е. на т.н. развиено железно време.

Некои топографски карактеристики на локалитетот (добра видливост од неговиот највисок дел до кој се стигнува по наклонета тераса огреана од сонцето) ја индицира неговата употреба како света планина на која биле изведувани, веројатно, повеќе планински религиозни обреди. Два од нив се идентификувани во текот на последните истражувања.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close