fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Облачно со слаб ветер

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд.

Во Скопје променливо облачно, во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд, a дневната температура ќе достигне до 20 Целзиусови степени. Маврово 13, Охрид 18, Битола 20, Крива Паланка 17, Берово 16, Кавадарци 20, Дојран 22.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Од пладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста, проследено со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 15 до 24 степени.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close