Јавен повик бр. 01/2016 за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник” на Република Македонија број 72/2007, 5/2009 и 43/2014), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2016

за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година

javen povik br 01 2016 za koristenje na sredstva od programata za finansiska poddrshka na ruralniot razvoj

 

I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ

Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Група на мерки Назив на мерка Максимална вредност на прифатливи трошоци (до)

Мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства

121.5 Инвестиции во земјоделска опрема и механизација за житни индустриски култури до 3.500.000,00 денари

II. ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА

Право на користење на средства имаат следните субјекти:

Субјекти Мерка

Земјоделско стопанство упишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

121

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА

Средствата се наменети за инвестиции за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралиот развој за 2016 година.

Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции, доколку поинаку не е определено.

Ставката на ко-финансирање за Мерката 121 се зголемува во случаите кога:

– се работи за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%,

– за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%,

– за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец 65% ,

– за инвестиции во недостапни рурални заедници 75%.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу 2 поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

– Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година („Службен весник на Република Македонија” бр.6/2016)

– Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/2010, 53/2011,126/2012,15/2013, 69/2013,106/2013,177/2014 и 25/2015), Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливи трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка (Службен весник на Република Македонија” бр.124/2011,

80/2013 и 72/2014),

– Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурелен развој (Службен весник на Република Македонија” бр.124/2011 и 80/2013)

Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и да прикачат задолжителни електронски документи (понуда за предложената инвестиција, изјава заверена на нотар и деловен план изготвен согласно предвидениот образец „Деловен План”)

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерката 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk

Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишувањето на Договорот за ко-финансирање со Агенцијата.

Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mk нема да се разгледуваат.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката.

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,

Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц )

1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ

Електронски пополнетото барање за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратната документација да се достави до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивскиот број на Барањето (0116-12116-XXXX/1). Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 20.02.2016 година.

Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.