fbpx
Вести

Инвестициите во паркови со ветерници во Европа се враќаат

veter

Инвестициите во нови паркови со ветерници и објекти во 2018-та година се враќаат благодарение на неколку големи проекти, според податоците на „WindEurope“. Во 2017-та година интересот за овој сектор се намали – инвестициите забележаа пад за 19% на 22,3 милијарди евра, главно поради одложените аукции и укинувањето на субвенциите.

Неговото намалување, исто така, се должи и на намалувањето на технолошките трошоци за изградба на паркови со ветерници, исто така признаваат од организацијата.

Денес, работите изгледаат малку повеќе охрабрувачки, вели една од најголемите европски организации за ветерна енергија. Само во првиот квартал од 2018-та година, 3 милијарди евра беа инвестирани во нови проекти.

Според оценката во 2018=та година, инвестициите во нови паркови со ветерници на „Стариот континент“ ќе се зголемат за 4% на 23,2 милијарди евра. Во 2019-та година ќе има нов раст – на 26 милијарди евра и дополнително одложување во 2020-та година на 24,2 милијарди евра, според проценките на организацијата.

Податоците, исто така, покажуваат дека земјите од северна и западна Европа се меѓу најактивните со проекти за паркови со ветерници. Околу половина од новонајавените инвестициски проекти во 2017-та година се во Германија и Велика Британија. Во Германија, на пример, за нови паркови со ветерници во крајбрежните области и на копното се инвестирани 6,7 милијарди евра. Во Велика Британија, износот надминува 5 милијарди евра.

Спротивно на тоа, инвестициите во јужна и источна Европа остануваат слаби. Во 2017-та година, 3,5 милијарди евра беа инвестирани во регионот во нови проекти на ветер. Сепак, постои и надеж за зголемени инвестиции во овие региони. На пример, оживувањето на грчкиот пазар има потенцијал за нови проекти, велат аналитичарите.

2017-та покажа дека европските земји кои не се членки на ЕУ почнуваат да го проценуваат потенцијалот на силата на ветерот и да ги зголемуваат инвестициите во новите паркови за 2,9 милијарди евра. Само Русија соопшти за 1,2 милијарди евра во нови слични проекти. Интерес има и во Норвешка и Украина.


 

денар.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close