fbpx
Вести

До 21. јули пролонгиран рокот за доставување барања за ИПАРД средства

ipard

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува сите заинтересирани за поднесување барања за користење ИПАРД средства од Програмата 2014-2020 дека рокот за нивно доставување се продолжува до 21 јули 2017 година.

Според Агенцијата, останатите делови од јавниот повик објавен на 24 април годинава остануваат непроменети и неговата целосна содржина може да се најде на веб-адресата www.ipardpa.gov.mk.

– Продолжувањето на рокот за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, наведува Агенцијата.


 

а1он.мк

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close