fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Општината им дала земјишта на младите да живеат – никнале вили со базени

Наместо семејни куќи, младите да го решат станбеното прашање никнаа вили со базени за туризам

Земјиште во близина на морето во Хрватска, за евро и пол по квадрат – 900 квадратни метри за 1.500 евра! Ова беа цените на земјиштето во Сукошан што требаше да им помогне на младите семејства да го решат станбеното прашање. Но, наместо семејни куќи, никнаа вили со базени за туризам. И ова трае веќе со години, а работите да бидат уште поапсурдни, една од вилите дури доби и награда за туризам на округот, пренесува „Проверено“ во синоќешниот прилог.

Вакви приказни е тешко да се замислат без членовите на ХДЗ. Се продава гореспоменатата наградена вила од Сукошан – иако мораториумот на продажба од десет години според договорот – не е истечен. Нејзината сопственичка е Ана Сураќ е ќерка на жупанискиот советник на ХДЗ Никица Чалушиќ.

Опозицијата во Хрватска предупредува дека во овие вили никој не живее и дека не ја исполнуваат целта за која земјиштето, по ниски цени, им е дадено на луѓето.

Која е целта на проектот? Купува и продава по многукратно пониска цена? Изнајмување наместо живеење? Градоначалникот на Сукошан, Анте Мартинац, одговараше на прашањата на репортерката на „Проверено“, Барбара Мајсторовиќ – што не е забрането е дозволено.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close