Папрадиште

Папрадиште

Во областа Азот во западната страна на велешката околија, сместено на 1.000 метри надморска височина, каде што орлите се гнездат под врвот Солунска Глава, на падините на планината Јакупица се наоѓа мијачкиот „остров“ во централна Македонија – селото Папрадиште.

Повеќе...

ГАЛИЧНИК

ГАЛИЧНИК

  „Ако Охрид е бисер, Галичник е дијамантот на Македонија.“ – Нове Франговски, сликар. Aко скршнете од патот накај Маврово, на 15 км нагоре по кривините или околу 120 км од Скопје, ќе стигнете во едно од најпознатите села, Галичник. Место, за кое со исконска сила се врзани сите кои се родени или водат потекло од Галичник, горди на своите корени, на неповторливите питоми и сурови убавини, митската сила, мудроста, достоинството и спокојството. Планинското село,…

Повеќе...

Скребатно

Скребатно

Одбележувањето на големите христијански празници и воопшто празнувањето на овие простори е вековна традиција. Главен празник е 28 август, денот кога се слави Голема Богородица. Тогаш доаѓаат сите. И месното население и печалбарите и туристите. На овој ден црквата поделува ручек за околу 10.000 гости. 

Повеќе...

Рајчица

Рајчица

Манастирот во с. Рајчица, посветен на „Св. Георгиј Победоносец“, бил толку прекрасен и убав што го нарекувале и „Дворецот на св. Георгиј“. Во минатото овој манастир функционирал како економски дел на Бигорскиот манастир, поточно бил негов составен дел, а за богатството на манастирот говори и податокот дека на местото на денешното Дебарско Езеро порано имало река и пат и манастирот всушност бил издигнат над патот, а надолу под него се простирале големи насади со лозја.

Повеќе...

Зовиќ

Зовиќ

Камениот мост претавува камен лаков мост кој ја премостува Градешка Река во непосредна близина на мариовското село Зовиќ. Се смета за едно од најубавите архитектонски зданија во Мариовскиот крај.  Под мостот на една висока карпа е насликан светецот Свети Ѓорѓи, кој е еден вид на остаток од црквичето кое постоело таму.

Повеќе...

Македонските села имаат голем потенцијал за развој на руралниот туризам

Македонските села имаат голем потенцијал за развој на руралниот туризам

Освен Скопје и селата имаат голем потенцијал за развој на туризмот. Од канцеларијата на регионалниот центар за животна средина велат дека спроведување на одржлив туризам во руралните подрачја е можен, а со него се постигнуваат низа позитивни ефекти.   алфа.тв

Повеќе...

Подобри политики за рурален развој

Подобри политики за рурален развој

Заедно до подобри политики за рурален развој“ е насловот на денешната средба што ја организира проектот „Национален рурален парламент како глас на руралното население – НРП“, наменета за граѓанските организации од Југоисточниот плански регион кои активно работат на полето на руралниот развој. Ова е втора од вкупно планираните осум средби кои треба да се одржат во периодот мај/јуни во секој од планските региони на Македонија за да се идентификуваат активните граѓански организации и да добијат можност…

Повеќе...

Туристи од Словачка во посета на Мариово

Туристи од Словачка во посета на Мариово

Дваесетчлена група туристи од градот Мартин од Словачка, вљубеници во „off road” авантурите денеска со осум џипови ја посетија општина Новаци, каде остварија средба со градоначалникот Лазар Kотевски. Дваесетчлена група туристи од градот Мартин од Словачка, вљубеници во „off road” авантурите денеска со осум џипови ја посетија општина Новаци, каде остварија средба со градоначалникот Лазар Kотевски. – Гостувањето на туристите од Словачка во Новаци и Мариово е резултат на брзо препознавање на нашата понуда за…

Повеќе...

Ќе се заштитува архитектурата на црквата во манастирот Трескавец

Ќе се заштитува архитектурата на црквата во манастирот Трескавец

Откако минатата година не пронајде изведувач, Заводот и музеј-Прилеп денеска повторно објави оглас за пронаоѓање на компанија што ќе ги преземе мерките за заштита на архитектурата на црквата, трпезаријата и магерницата од манастирот Успение на Пресвета Богородица во Трескавец, Прилепско. Реализацијата на овој проект се одолговлекува неколку години наназад, а државните власти од пред извесен период го прогласија манастирот Трескавец за културно наследство во опасност. За заштита на архитектурата на непроценливиот комплекс ќе бидат издвоени…

Повеќе...

За развој на селскиот туризам во Македонија, државата обезбеди 2,5 милиони денари

За развој на селскиот туризам во Македонија, државата обезбеди 2,5 милиони денари

Право на учество на овој јавен повик за добивање субвенции имаат сите физички лица кои вршат угостителска дејност во автентични традиционални услови, при што ќе се обезбеди кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари Државата планира во Македонија да го форсира развојот на традиционалниот популарно наречен селски туризам по примерот на земјите од регионот. Токму затоа Министерството за економија, согласно програмата за развој на туризмот годинава планира да го субвенционира…

Повеќе...

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

Општините Новаци и Алмопија ќе го развиваат туризмот со пари од ЕУ

Завршната конференција на проектот „Жива историја – живо наследство“ ќе биде организирана во општинската сала на Општина Новаци, утре во 12 часот. Проектот, кој чини 293.036 евра, е финансиран од Европската Унија во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Целта на овој проект е да се зајакне соработката помеѓу општината Новаци и грчката општина Алмопија, за да се промовираат и да се заштитат природното и културното наследство на оваа прекуграничната област. За…

Повеќе...

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

„Македонско село“ – магнет за домашните гости и странските туристи

Македонија во мало на 12.000 м2. Цела нејзина историја, традиција и архитектура испреплетена со стари занаети, народни носии, сувенири и култура. Комплексот Македонско село е лоциран во прекрасната природа на планината Водно, кој освен одмор, чист планински воздух и прекрасен поглед кон Скопје на посетителите им нуди врвна услуга и незаборавно искуство. Покрај капацитетот за 100 гости односно 49 соби и неколку ресторани во овој зимски период на посетителите, комплексот им нуди можност да уживаат…

Повеќе...

Куратица лидер во развојот на руралниот туризам

Куратица лидер во развојот на руралниот туризам

Македонските села магнет за туристите. Во охридскиот регион лидер во развојот на руралниот туризам е селото Куратица каде туристите уживаат во органската локална храна, чистиот воздух и живописната природа. Ова село веќе им е познато на холандските туристи кои во лето одат таму на организирано сафари со магариња. Месната заедница на ова село се труди да привлече гости и во зимскиот период. Претседателот на месната заедница вели дека потребно е и мештаните да се вклучат…

Повеќе...

Државите од регионот ќе ја јакнат соработката во руралниот развој

  Државите од регионот ќе ја јакнат соработката во областа на руралниот развој и ќе започнат повеќе меѓународни заеднички проекти. Во Скопје се формираше мрежа на истражувачи од оваа област. – Овој состанок е многу важен од аспект што прв пат научници и истражувачи имаат можност од свој агол да ги разгледаат проблемите на руралните региони, како и проблемите на научните предизвици. До сега бевме дел од големите мрежи кои ги водеа други организации, а…

Повеќе...

Селскиот туризам ќе се развива со над 1 милион евра државни пари

Селскиот туризам ќе се развива со над 1 милион евра државни пари

Државата годинава одвоила над 1 милион евра од парите за рурален развој за проекти за селски туризам. Од вкупно 33 милиони евра колку што годинава се одвоени за оваа намена, пет правни и физички лица биле заинтересирани за развој на селски туризам. Два од нив се наоѓаат во Маврово и Ростуше, а по еден во Зајас, Дојран и Македонски Брод.

Повеќе...

Се бара мед од кактусовата долина кај демиркапиското село Kлисура

Се бара мед од кактусовата долина кај демиркапиското село Kлисура

Тие што имале можност да уживаат во глетката, коментираат дека е прекрасно чувството човек да се најде среде тоа море од кактуси, кое нуди рај за сите сетила. Сите се согласуваат дека кактусите во Демир Kапија заслужуваат да бидат видени. А особено во периодот кога цутат.

Повеќе...

Витолиште

Витолиште

Од добиените и помешани видови на млеко во значајни количества се прави познатото и прочуено мариовско биено сирење, чие производство во денешно време бележи мал пад во обемот поради долготрајноста на производниот процес и познавањето на вештините на малубројното население и сточари, но држи постојана, стабилна и висока цена.

Повеќе...

Маловиште

Маловиште

Атарот на селото се издига до сртот на Баба планина. Населбата е планинска, на 1 172 м надморска височина. Низ неа тече реката Шемница, која формира забележителен водотек над населбата.

Повеќе...

Кокино

Кокино

На 35 километри од Куманово, на надморска височина од 1013 метри, сместена на неовулкански рид веднаш под врвот Татиќев Камен, се наоѓа мегалитската опсерваторија Кокино.

Повеќе...

Кораб

Кораб

Корабскиот водопад на Длабока Река или водопадот на Длабока Река е највисок водопад во Македонија, а воедно и на Балканот со висина од над 130 метри (136 метри, ако се смета и висината на слапот во подножјето).

Повеќе...
1 2