fbpx
Вести

Mакедонците најмногу купуваат локални млечни производи, омилено е сирењето

Maкедонските потрошувачи ги преферираат локалните брендови на млеко и млечни производи при што најсилните пет брендови млеко имаат вредносен удел од 82% на пазарот . Најзначајните канали за продажба на оваа категоријао се продава 35% од вкупната количина млеко на македонскиот пазар.

makedoncite najmnogu kupuvaat lokalni mlechni proizvodi omileno e sirnjeto

 

На интерактивната Talk IN Business конференција, која во организација на InStore се одржа минатата недела, беа презентирани интересни податоци.  Калина Медаровска од „Брима” го анализираше профилот на консументот на млечните поткатегории, добиен според истражувањето направено за оваа категорија:

  • – во земјава најредовно се консумира сирењето (51% од учесниците се изјасниле како редовни консументи), па јогуртот (45 %), кисело-млечни производи (41%), млекото (38%), а кашкавалот има најмал процент на редовни консументи (27%).
  • – околу 17% од македонските граѓани одговориле дека не консумираат млеко, а 14% – кашкавал.

Означувањето е најважниот момент во комуникација меѓу производителот и потрошувачот, врска преку која потрошувачот ќе добие правилни и јасни информации, врз основа на кои ќе донесе одлука да купи одреден производ, истакна Светлана Колариќ, државен советник за храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Таа укажа дека постои голем потенцијал за развој на автентичните видови од оваа категорија, како на пример, сирењето: Производството на сирење од непастеризирано млеко, од географски заштитени области, ќе ги задржи традиционалниот квалитет и вредноста на производот, што претставува значајна додадена вредност.

Најголемите производители, дистрибутери и трговци разменуваа мислења, искуства и предлози за идно подобро работење, за зголемување на конкурентнтата предност и за начините за справување со тековните проблеми и предизвици во млечната индустрија. Дел од заклучоците беа дека е потребен здружен пристап на млекарниците за преговарање и за лобирање, како и добро осмислена стратегија за градење на брендот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close