fbpx
Двор и градина

Сламата, сеното и лисјата ги штитат растенијата од ладното

 

slamata senoto i lisjata gi shtitat rastenijata od ladnoto

Зимата доаѓа, а растенијата е потребно да се заштитат од ниските температури. Заради делувањето на ниските температури, доаѓа до промена на физиолошките процси во растенијата. Овие процеси прво се успоруваат за на крај да се запрат во целост.

Разлишните видови растенија се одликуваат со различна отпорност на ниските температури. Така зелките можат да презимат без проблеми, но пиперките и доматите пропаѓаат при појавата на првиот мраз.

Степенот на оштетување на растенијата зависи од повеќе фактори

При температура од 0 степени доаѓа до формирање на кристален мраз во ткивото на растението што ја нарушува структурата на ткивата и доведува до негово пропаѓање. Обемот на оштетување на растенијата зависи од-

– видот на растението и сортата,

– развојната фаза на растението,

– состојбата во која се наоѓа растението,

– нахранетост на растението,

– вредности на ниската температура,

– интензитет на дејството и долготрајност на делувањето на ниските температури,

– колебање на температурата.

За да се заштитат растенијата од влијанието на ниските температури можи да се користат раслични помошни материјали- паднати лисја, снег, гранки од зимзелени дрвја, хартија и слични материи. Кој материјал е подобар зависи и од временските прилики за време на зимата.

Паднати лисја

За да се користат паднатите лисја за заштита на растенијата од ниските температури треба да се користи она што е суво. Само сувите лисја можат да бидат добар изолатор. Проблем кај паднатите лисја е што можат да бидат извор на предизвикување на болести, скривалиште за многу штеточинки, а влажните лисја можат да предизвикаат трулење на заштитеното растение и нејзино пропаѓање. Влажмите лисја се лепат, се набиваат и создаваат непропусна обвивка околу растението кое не можи да диши заради тоа.

Сувите паднати лисја е најдобро да се соберат, да се стават на некое место кое е суво и да се користат по потреба. Многу често лисјата се пакуваат во мрежести вреќи и на тој начин се користи како покривен материјал со цел да се заштитат растенијата од ниските температури.

Слама и сено

Сламата и сеното одамна се користат за заштита на растенијата од ниските температури. Можат да се искористат за прекривање или завиткување на растенијата. Тоа е добар изолационен материјал. Најголем недостаток на сламата и сеното е тоа што глувците ги користат за скривалиште, а можат и да кондензираат влага.

За паднатите лисја, сламата и сеното е карактеристично да бидат суви, здрави и без семиња. Во рана пролет потребно е да се растрга слој од поставениот материјал за да се загрее земјата.

Гранки на зимзелени растенија

Како изолационен материјал можат да се користат и гранки на елка, бор. Гранките не сметаат во протокот на воздух како што е случај со лисјата, сламата и сеното. Недостаток е што го закиселуваат земјиштето и на тоа треба да се обрати внимание. Ваквата заштита е слаб изолатор кој доаѓа до израз во зимите без снег.

Вреќи од јута

Вреќите направени од природни материјали исто така можат да се користат како заштитен материјал. Дождот и снегот можат да ги наквасат вреќите од јута и да доведат до појава на трулење. Вреќите од јута споро се сушат и кога се водени можат да замрзнат. Таква ледена обвивка можи да доведи до гушење и пропаѓање на растението. Доколку вреќите кои се искористени за пакување на овошјето и зеленчукот , можат д абидат често преносители на патогени.

Пилевина

Пилевината е одличен изолационен материјал и можи да се користи како добра заштита на растенијата од мраз. Најзин недостаток е што во потполност го прекрива растението и ако се навлажни предизвикува процеси на гниење и пропаѓање. Како заштита можи да се користи само пилевина од дрво, а не различен отпад од фарбано дрво, разни плочи од мебел и слично. Во зависност од видот на дрвото од кое потекнува, пилевината можи да го закислеи земјиштето. Како лисјата и сламата и таа спречува пролетно загревање на земјиштето и потребно е да се растрга во рана пролет.

Дрвени гајби

Дрвените гајби сами по себе не даваат заштита од ниски температури, но можат да се стават над растението или на местата каде што се посадени лукчињата. На така поставените гајби се става лисја, слама, сено.

како изолационен материјал можат да се користат и многу други помошни материјали- хартија, земја, снег, сув папрат, пластични шишиња. Денес за заштита од мразот се изработуваат и продаваат и разни фолии, агротекстил, пластични звона и друго.

 

 

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close