fbpx
ВестиТоп вести

Заврши користењето на средствата од ИПАРД 1 програмата

Остануваат да се доработат уште последните барања и во текот на септември да почне објавувањето на огласите од ИПАРД 2.

zavrshi koristenjeto na sredstvata od ipard 1 programata

 

Реализацијата на ИПАРД 1 беше најголема во последниве две години.

Досега користењето на европските фондовите во практиката овозможи искуство за македонските земјоделци како повеќе да аплицираат за ко-финансирање на нивните инвестиции според европските стандарди.

Така во текот на 5 години колку што реално се спроведуваше програмата беа објавени 12 јавни повици на кои аплицираа повеќе од 3.000 баратели.

Досега се исплатени 7,4 милиони, а до крајот се очекува да се исплатат уште 11 милиони евра за ИПАРД корисниците.

Во ИПАРД 2 програмата има олеснување во критериумите и зголемување на ко-финансирањето, од 50 на 60 проценти за поддршка на примарното земјоделско производство и на 65 проценти за малите бизниси во рурални средини.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close